Поскапуваат цигарите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ново поскапување на цигарите. Цената на некои од брендовите се зголеми дури за 10%. Ова пролетно поскапување е во рамките на планираната законска динамика за зголемување на цените на овој акцизен производ. Имено, законската регулатива предвидува раст на цената на цигарите секоја година, најмалку за 4 денари и овој цикулс треба да трае до 2023 година.

Во продавниците во земјава дел од брендовите веќе се продаваат по повисоки цени. Според информациите, за 5 денари е зголемена и цената на дел од брендот „Ронхил“ а нови цени се очекува да има и за дел од брендот „Вест“.

Последното поскапување се случи лани, во април. Тогаш, за пет денари поскапеа цигарите „Вест“ (силвер, ред и вајт),  „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек).

Со сегашното темпо на зголемување на цените, одредени брендови можат да поскапат и до 200 денари или 3,2 евра, цена која веќе е присутна во земјите од соседството кои се членки на Европската Унија.  Во Македонија постепеното поскапување на овој акцизен производ се предвиде со Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун а почна на 1 јуни 2015 година , кога акцизата се зголеми за 0,15 денари по парче. Дел од парите што ќе се обезбедат наплата на зголемената акциза треба да се вложат во подобрување на здравствената заштита на граѓаните.

По основ на наплатена акциза по сите основи, лани во Буџетот се слеале 375 512 200  евра, и во однос на прокецијата со ребалансот, кај приходите од сите акцизи има потфрлување за 1,05%.   

Поскапите цигари треба да влијаат дестимулативно врз пушењето, особено што македонските граѓани  важат за страсни пушачи, кои пушат и до 20 цигари дневно. Според одредени мерења  потрошувачката на цигари во земјава во последните четири години бележи континуиран пад од 2 до 4 отсто, тренд кој е присутен во Европа изминатите 15 години.  

Share.