Потврдена ефикасноста на вакцината на „Астра зенека“ за сите возрасни групи

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача употребата на вакцината на „Астра зенека“ против ковид-19 за сите возрасни групи и тоа е силен сигнал до сите граѓани дека се работи за безбедни и ефикасни вакцини, велат од Европската комисија.

Во врска со информациите дека Германија и Белгија изразиле сомнежи за ефикасноста на вакцината на „Астра зенека“ кај лицата над 65, односно над 55 години, Комисијата наведува дека е во надлежност на земјите-членки да одлучуваат за дополнителни и построги барања за употреба на некои вакцини, сè додека тоа не е спротивно на препораките на ЕМА.

Сподели