Потврдени нови 33 случаи на ебола во Конго

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Официјалните здравствени лица во Конго утринава потврдија 33 случаи на ебола.

Според Министерството за здравство, од 33-те случаи на заболени од ебола, 24 лица досега починале.

Овие 33 заболени лица се регистрирани во претходните седум дена, објави „Ројтерс“.

Како што се наведува во извештаите на здравствените институции, се истражуваат уште 200 други случаи на заболени, но сè уште не е потврдено дали станува збор за ебола, иако тие лица имаат многу слични симптоми на еболата.

Од почетокот на епидемијата која избувна во јули годинава 130 лица починаа од ебола во Конго.

makfax.com.mk

Share.