Потона брод со мигранти, најмалку 35 загинати

0
212

Најмалку 35 мигранти загинаа откако денеска се преврте брод на кој биле качени  во близина на брегот на Тунис, соопшти Министерството за одбрана на таа држава.

Крајбрежната стража спасила 67 лица.

Спасувачката операција е во тек. Дел од мигрантите биле државјани на Тунис. На бродот имало околу 180 мигранти, изјавија официјални лица.