Потребно е помирување во земјата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во своето годишно обраќање во Собранието зборуваше за политичката криза во земјата, случувањата од 27 април, за неопходните реформи, геополитичките случувања, илегалната миграција и сајбервојувањето, за односите со седите на Македонија, прашањето за името, проблемите со загадувањето, состојбата во медиумите, законот за јазиците и за други прашања.

Иванов зборувајќи за случувањата во земјата истакна дека во земјата мора да се врати културата на политички дијалог и дека лидерите на власта и опозицијата треба да имаат нормална комуникација во интерес на граѓаните и во интерес на државата.

Тој рече дека во земјата не смее да има политички прогон и реваншизам, кој како што како што рече неминовно завршува во нов идеолошки монизам. Иванов наведе дека е потребно помирување во земјата, наместо освета и политички прогон.

Иванов истакна дека жариштето на секоја политичка криза е лоцирано во УБК и во нејзиниот оддел за поддршка, наведувајќи дека предложените законски решнија за следење на комуникациите не ја отстануваат можноста за злоупотрби, но и дека не се имплементирани препораките на Прибе.

Тој исто така посочи дека единствен начин Македонија да се врати во нормала е ако час поскоро влезе во НАТО и добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Share.