Потрошувачите со нов закон против нечесните трговски практики

0
488

Чоколади без млеко и какао,  супите за 4 порции, а може  да се подготват само 3. Банкарски  и договорите за осигурување  полни со нечесни клаузули за кои што граѓаните не се ни свесни пред да потпишат. Ова се само некои од секојдневните примери за нарушување на правата на потрошувачите. Проблем е и квалитетот на производите кој се разликува од другите европски пазари. За да се спречат неправдите се подготвува нов Закон за заштита на потрошувачите. Новиот закон ќе биде согласно европската регулатива и со него треба да се надминат недоследностите на постојниот кој досега е менуван седум пати. Според универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ, судовите и инспекторите ќе се анагжираат повеќе, но ќе се дефинираат и можностите за колективна заштита која засега во Македонија е невозможна.

– Чоколадите за деца на македонскиот пазар воопшто не содржат млеко и какао, иако се така декларирани. Ова го покажуваат лабораториските испитувања. Купуваме супа на која се декларира дека е за четири чинии, а има само три што пак е одраз на нечесна деловна практика,  рече универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ-Атанасовска

Од Организацијата за заштота на потрошувачите велат дека со новиот Закон акцент ќе се стави на заштитата на правата на граѓаните кои купуваат електронски. Онлајн продавниците од земјава треба да нудат можност за враќање на производите во рок од 14 дена.

-Кај нас 25% купувале онлајн. Нашите онлајн продавници треба да се усоглсат со законот за заштита на потрошувачите односно и да нудат можност за откажување на договорот во рок од 14 дена, рече Маријана Лончар Велкова, Организација за заштита на потрошувачи.

Со новиот закон за заштита на потрошувачите треба да се зајакне и капацитетот на пазарната инспекција, која сега, според проценките на Организацијата, не ги задоволува потребите.