Потрошувачката на вода во Битола зголемена на минус 22 степени

Битола утрово беше најстудениот град во земјава со измерени минус 22 степени. Но, битолчани се навикнати на минусни температури и знаат дека до крајот на зимата може да очекуваат паѓање на температурата.

Граѓаните се подготвени за вакви минусни температури затоа што зимата се уште трае, велат од Водовод. Директорот Козаров вели дека утрово нема посериозни дефекти и има многу мал број пукнати водомери, затоа што тие се заштитени. Но, како и секој пат кога температурите ќе се спуштат толку многу, има зголемена потрошувачка на водата.

-Луѓето кои имаат чешми во дворите, ги оставаат да течат за да не дојде до пукање на водоводните цевки, потрошувачката е зголемена за 30-40 литри во секунда, a моментално изнесува околу 660 литри во секунда. Нормална потрошувачка е околу 500-600 литри во секунда, секоја година е исто, овој период потрошувачката се зголемува, вели Горан Козаров, директор на ЈП Водовод Битола.

Но дефекти може да се појават со затоплување на времето.

-Минусната е огромна денес, водомерите замрзнати или со напукнати стакла, сега работат. Но кога ќе се затопли времето доаѓа до видливи повреди и оштетувања, тогаш ќе ги имаме сигналите, рече Козаров.

Токму тогаш очекуваат и зголемен обем на работа со интервенции во куќи, станови и деловни објекти.

 

Сподели