Потсетуваме на двете интервјуа со Калина за Тера телевизија

0
4722

35-годишниот Александар Миновски, кој загина на Кајмакчалан заедно со Калина Велевска, освои многу планински пространства и врвови, не само во Македонија, туку и низ Европа. Тоа и патувањата, биле негова животна страст.


26 годишната Калина Велевска, член на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“, прерано го заврши својот млад живот на врвовoт на Кајмакчалан.


Калина беше организатор на настанот 12 планинарски предизвици низ Македонија. Дел од тимот кој се впушти во тие предизвици беше и нашата колешка Неда Маретиќ која зааедно со Калина и останатите секогаш уживаа во планинските предизвици.


Во денешниот Актуел посетуваме на двете интервјуа кои колешката Маретиќ за Тера ги направи со Калина на Илинска планина и Даутица.

Калина го пишуваше дневникот на една планинарка.


„Вака не се договоривме“, напиша Маретиќ на својот Facebook профил по дознавањето на веста за трагичното загинување на двајцата планинари. „Имавме уште многу да пишуваме за планините. Живееше за планините, твојата насмевка како ехо ќе одзвонува на секој врв. Ќе ни недостасуваш“, напиша Маретиќ.