Почина актерката Љупка Џундева

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Почина познатата театарска, филмска и телевизиска актерка Љупка Арсова-Џундева, на 84-годишна возраст.

– Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова-Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека ѝ припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија – соопштија од Македонскиот народен театар.

Џундева е добитник на наградата „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

Share.