Почина еден од основачите на „Чкембари“

На 58-годишна возраст во Битола почина Вања Георгиевски, битолски урбан лик, човек кој битолчани ќе го паметат како позитивен лик, кој неизмерно го сакаше Пелистер, во сите спортови и човек кој беше линкот на Битола со сите филмски екипи кои снимаа во Битола.

Вања беше присутен и ги бодреше ракометарите на Пелистер и македонската репрезентација на скоро сите гостувања.

Последните десетина година Вања беше дел од сите фимски екипи кои работеа во Битола и околината. Вања беше менаџер за локации, но на гостите, филсмки работници им помагаше во организацијата, одбирање на статистите, кетерингот, набавка на опрема и материјали.

Од него се простија и најверните навивачи на Пелистер, Чкембарите.

„Почивај во мир ВАЊА ЛЕГЕНДО
Анегдотите за тебе ќе се прераскажуваат, споменот твој ќе живее на нашата трибина. Вечно во срцата на твоите Чекмбари“, напишаа од навивачката група Чкембари.
Сподели