Почина легендарната српска актерка Милена Дравиќ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Една од најпознатите српски актерки Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години по тешко боледување.

Родена на 5 октомври 1940 година, Дравиќ важеше за една од најголемите филмски диви во поранешната држава, остварувајќи повеќе од 150 улоги, а најголемата популарност ѝ донесе партнерството со Љубиша Самарџиќ.

Милена Дравиќ се појави на филм во 1959 година и потоа играше и во театар и на телевизија.

Таа е единствената југословенска актерка која била наградена на Канскиот филмски фестивал, за „Посебен третман“ во 1980 година, а награди добиваше и на фестивалите во Венеција, Авелино и во Пула, каде што повеќе пати освои Златна и Сребрена арена. Доби и низа награди за животно дело.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа еден од најомилените глумечки парови на просторите на поранешна Југославија. Тие речиси целиот свој работен и животен век го поминаа заедно.

Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

 

Share.