Почина Лук Пери, ѕвездата од „Беверли Хилс“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Познатиот актер Лук Пери почина на 52-годишна возраст откако претрпел силен мозочен удар.

Пери почина во болницата Св. Џозеф во Бурбенк. Службите за итни случаи биле повикани во домот на Пери во Калифорнија, на 27 февруари. Глумецот од својот дом бил транспортиран со брза помош во болница, каде што остана пет дена до неговата смрт, денеска.

Пери е најпознат по улогата на Дилан Меккеј во хит-серијата „Беверли Хилс 90210“.

 

Share.