Вчера во 75-тата година од животот почина познатиот карикатурист, новинар и естраден работник Миле Милевски
Работниот век го помина како новинар во весникот на трговското претпријатие „Јавор “ од Битола, а беше познат по тоа што работеше како тапанар и пејач во групата „Боцкин“.
Првата карикатура ја објавил во „Остен“ 1969 година. Објавувал во Студентски збор, Нова Македонија, Трудбеник, Битолски весник, Јеж, Паулиха – Љубљана, Дело, Без Навреда, Слободен печат. Учествувал на повеќе светски фестивали и светски галерии во Скопје, Истанбул, Акшехир, Антверпен, Токио, Пескара и Толетино – Италија.
Безброј карикатури, над 1500 афоризми, над 100 хумористично-сатирични раскази, повеќе од 50 хумористично-сатирични песни, препеви.
Член и оснивач на групата БИК (Битолски карикатуристи). Автор е и изведувач на песната „Минаа 30 лета“ за која го има напишано текстот посветен на вечната болка – печалбарството.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 10 мај 2023 година од 10 до 12 часот во црквата „Св. Димитрија“, а погребот ќе се изврши на буковските гробишта.












