Почина пејачката Мерима Његомир

На 69-годишна возраст утрово почина пејачката Мерима Његомир. Оваа информација за локалните медиуми ја потврди нејзината ќерка Љубица.

Неодамна објави дека боледува од карцином, борба која не успеа да ја надмине.

Таа беше родена во Земун 1953 година, од мајка со босанско потекло и татко со македонско потекло.

Мерима Његомир сними повеќе од 25 албуми и испеа некои од безвременските хитови како „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“ и многу други. Добитник е на голем број признанија за српската и босанската култура и музика.

Мерима Његомир е добитничка на голем број награди, меѓу кои можеби најважна е наградата Вук за придонес во српската култура, како и наградата на РТС Златен микрофон, Повелбата на Здружението на џез, поп и рок музичари, Специјалната награда на Радио Белград за придонес во зачувувањето на традиционалната народна музика, наградата Царица Теодора во 2002 година и други.

Нашата публика ја памети по извонредната изведба на македонската „Зајди зајди“.

Сподели