Почина полицаецот кој се замени за заложниците во Франција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Полицаецот кој се понуди себеси во размена на заложниците во петокот во текот на терористичкиот напад врз супермаркет во Франција, почина до здобиените повреди, соопшти министерот за внатрешни работи Жерер Колон.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб го пофали „херојството“ на полицаецот кој се понудил себе си во замена на заложниците во супермаркетот.

Киднаперот е идентификуван како ситен криминалец Редуан Лакдим.

Коломб изјави дека полицаецот „доброволно се понудил да го замени местото со еден заложник“ во супермаркетот во градот Требу и додаде дека во текот на инцидентот бил повреден.

Полицаецот успеал да го остави својот телефон вклучен и така воспоставил контакт со полицајците пред супермаркетот во текот на заложничката криза, пренесе АП.

Share.