Почина првиот министер за култура во независна Република Македонија

0
335

Почина академик Цветан Грозданов. Тој е еден од најреномираните византолози на Балканон. По долгогодишни здравствени проблеми, почина на 82 години.Тој е е автор на голем број дела од областа на црковната ликовна уметност и нејзината историја. Особено ќе биде запаметено неговото дело посветно на св. Климент Охридски.

Цветан Грозданов е роден во Охрид, во 1936 година. Дипломирал и докторирал на групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград, а специјализирал византологија во Париз.

Беше долгогодишен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Грозданов беше првиот министер за култура во независна Република Македонија и претседател на Македонската академија на науките и уметностите во периодот од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академикот Цветан Грозданов бил избран за претседател на Советот за култура. Член е на МАНУ од 1991 година.

За своите дела носител е на многу титули и награди. Во 2004 година од страна на Софискиот универзитет бил награден со „доктор хонорис кауза“