Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утрово, на 81-годишна возраст, почина македонскиот театарски режисер Љубиша Георгиевски.

Оваа информација ја обелодени екс-директорот на Драмски театар, Роберт Велјановски на својот Фејсбук профил.

Георгиевски е роден во Битола, во 1937 година, а долго време беше и во политиката како претседателски кандидат во 1994 година, амбасадор на Бугарија и претседател на Собранието од 2006-2008-ма година.

Дипломирал на “Академијата за театар, филм, радио и телевизија”, група “Театар и радио режија” во Белград, 1974 година.

Покрај режијата тој беше и драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на “Факултетот за драмски уметности” во Скопје.

Георгиевски има издадено повеќе од десет книги. Како филмски режисер има режирано четири филмови, додека како журналист има напишано повеќе од 200 колумни во дневниот весник “Дневник”.

Георгиевски, покрај уметничката, беше познат и по својата политичка кариера. Беше претседателски кандидат во 1994 година, и претседател на Собранието на Република Македонија во периодот од 2006 до 2008 година.

Како режисер работел во Лос Анџелес и Далас, во Полска, Романија, Италија, Хрватска, Србија, Бугарија, а неговите текстови и претстави се прикажуваат во Москва, Виена, Париз, Варшава, Будимпешта, Букурешт, Лоѓ, Софија, Белград, Загреб, Трст… Во 1994 година беше претседателски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Бил визитинг професор по онтологија и феноменологија на театар на универзитетите Јужна Калифорнија во Лос Анџелес и Универзитетот на Тексас, во САД.

Share.