Почина славната актерка Неда Арнериќ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Почина славната југословенска и српска глумица Неда Арнериќ.

Како што јавуваат српските медиуми Арнериќ во нејзиниот стан мртва ја пронашол нејзиниот брат, без знаци на насилство.

Медиумите јавуваат дека таа паднала во депресија по смртта на нејзиниот животен партнер пред неколку години и дека имала неколку обиди за самоубиство.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера.

Македонската јавност најмногу ја знае по филмот „Исправи се делфина“, посветен на препливувањето на Ла Манш од страна на нашата маратонка Атина Бојаџи.

Пред неколку месеци Арнериќ беше во Битола каде со нејзиниот колега Феџа Стојановиќ ја одиграа претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме“.

Тогаш со неа Тера направи интервју.

 

Share.