Почина соосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Соосновачот на компанијата „Мајкрософт“, Пол Ален, почина на 65-годишна возраст, соопшти неговата компанија „Вулкан“.

Претходно месецов Ален откри дека Хочкинсовата болест, од која се лечел од 2009 година, се вратила и планира со неа да се бори поагресивно.

Ален беше меѓу најбогатите луѓе во светот, а неодамна „Форбс“ го постави на 44. позиција на најмоќни луѓе.

Ален го напуштил „Мајкрософт“ во 1983 година, по расправија со Бил Гејтс. Благодарение на првобитниот партнерски удел, можел да крајот на животот да ужива во милијардите.

makfax.com.mk

Share.