Почина Јаким Ивановски поранешен пратеник во Собранието

На 88 годишна возраст почина еден од основачите на Рефромските сили на Македонија, Либерална партија односно денешната Либерално-демократската партија, еден од најистакнатите Битолчани, општественик и банкар, Јаким Ивановски, соопшти на својот Фејзбук профил претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски.
Ивановски беше бил пратеник во Македонското Собрание, 1990-1998 година, во првиот и вториот собраниски состав, кога се удираат темелите на независна Македонија, како член на Либералната а подоцна и на Либерално-демократската партија.
Во текот на својот работен век бил директор на Индустријата за кожи „Борис Кидрич“ – Битола, претседател на Извршниот совет на општина Битола (1974-1979), функционер во органите на Стопанската комора на СФРЈ и СРМ.
Бил именуван за генерален директор на Стопанска банка а.д. Битола, функција која ја обавувал до пензионирањето во 2008 година.
Во овој период банката што ја раководи, од реномирани меѓународни списанија три години по ред 2003, 2004 и 2005 година е прогласувана за најдобра банка во Македонија, а директорот три пати едноподруго е носител на престижната титула – банкар на годината.
Од мое име и од името на ЛДП изразувам сочуство до неговата фамилија.
Нека му е вечна слава, напиша Милевски.
Сподели