Почнаа Рамазанските пости

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со првата Рамазанска молитва синоќа Муслиманските верници го означија почетокот на постот за светиот месец Рамазан.

Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со првата мугра и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Постот не е задолжителен за децата, бремените жени, доилките и болните.

Share.