Почна битката со глодарите во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола ќе ја спроведе втората фаза од превентивната системска дератизација.

Од таму ги информираат граѓаните дека во периодот од 17.12.2018год. до 28.12.2018год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведуваат активности на теренот, во смисол на ВТОРА ЕСЕНСКА ФАЗА од превентивната систематска дератизација т.е.поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци). Со дератизацијата ке бидат опфатени:
    Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;
    Прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и др.

Активностите на теренот ги спроведуваат екипи обележани и заштитени со знаци за предупредување, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Share.