Почна евакуацијата од Источна Гута

0
378

Конвој од 17 автобуси го напушти реонот на Источна Гута, со кои од јужниот дел на оваа бунтовничка енклава во близината на Дамаск, беа евакуирани вкупно 981 бунтовник и членови на нивните семејства.

Автобусите се упатија кон реоните на провинцијата Идлиб, што се под контрола на сириските бунтовници.

Евакуацијата е спорведена врз основа на договорот меѓу сириските власти и бунтовничката група Фајлак ал Рахман, која го контролира тој дел на Источна Гута. Согласно договорот, следниве денови од тие подрачја треба да бидат евакуирани околу 7.000 лица.