Почна поставувањето на подземни контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ почна со  поставување подземни контејнери низ Битола со што ќе се подобри хигиената со собирањето на отпадот во Битола, а ќе се врши и селекација. Ланската година Советот на Општина Битола донесе одлука да можат да се постават овие садови за комунален отпад.

Подземните контејнери се изработени како бетонски шахти , вкопани во земјата, а се поставува и подвижна метална конструкција. Бетонските шахти ќе се покриваат со носиви, метални платформи, врз кои ќе се постават метални кутии со ротација, подвижни капаци за уфрлување на отпадот.

Секоја кутија е во боја во и во зависност од бојата ќе се утврдува каков вид на отпад треба да се фрли во неа.

Деновиве започнаа со градежните активности за нивно поставување на улицата „Васко Карангелевски“, а  ќе продолжи и на други улици во градот.

Сподели