Почна пријавувањето за субвенции, рокот е до 15-ти мај

0
439

Земјоделците можат да поднесуваат барање за субвенции до 15-ти мај. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку имаат потреба од помош, може да се обратат во подрачните единици на министерството за земјоделство. Се очекува да аплицираат околу 72.000 земјоделци, а на располагање им се околу 100 милиони евра.
Пријавувањето се однесува за директните плаќања за растителното производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и живина.
Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентираните податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојбата до 15-ти март 2018-та година.
Ва сточарското производство барањата за субвенции се поднесуваат врз основа на евидентираните животните во Регистарот заклучно со бројната состојбата на денот на поднесување на барањето и ажурирање на нивниот број во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Со сателитски снимки се проверува дали на нивата е посеана културата која е пријавена за субвенции. Инспекторите лани утврдиле неправилности само кај мал дел на земјоделци, а има и такви кои немале комплетна документација или имале проблеми заради што не добиле субвенции.