Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е нормализиран за сообраќај. На делот на слечиштето ќе се изведуват градежни работи за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200м. и заради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација која ќе го регулира сообраќајот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Со овие фотографии градоначалничката на Битола објави дека работите започнаа.
„ Аирлија работата на свлечиштето. Битола заслужува, битолчани заслужуваат растеретен сообраќај“ напиша Петровска на Фејсбук.