Почна седницата на Уставен за разгледување на уставноста на референдумот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Започна состанокот на Уставниот суд за поднесените иницијативи околу оцена на уставноста на референдум и Преспанскиот договор.

Сите судии присутни во салата, а по барање на судијата Јован Јосифовски дневниот ред е сменет и Судот денеска ќе ја разгледува само точката за референдумот.

Иницијативи поднесоа партијата „Левица“ и Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефередум и времено да бидат стопирани активноситите поврзани со референдумот. Подносителите сметаат дека одлука за референдумот не е во согласност со Уставот, Законот за референдум и, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

Share.