Почнува вакцинирањето на пријавените деца, во Битола пријавени 123

Вкупно 1798 деца на возраст од 12, 13, 14, 15, 16 и 17 години пријавени за вакцинација во Македонија. Толкава е бројката што  покажале интерес за вакцинирање.
Имунизацијата на децата почнува денеска.
Најмногу пријавени има во Скопје 804 деца, втор град во земјава по бројот на пријавени е Битола со 123 деца. Трет град е Тетово со 112.
Од овој регион во Демир Хисар пријавени се само 2 деца, исто толку и во Македонски Брод, во Кичево 30, во Прилеп 67, во Ресен 19 деца. Најмалку пријавени, односно само едно дете од Македонска Каменица.
Децата ќе се вакцинираат со Фајзер. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.
Сподели