Почнува дводневниот самит на НАТО

0
145

Во Брисел денеска со обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на безбедносната конференција: „НАТО се ангажира: дијалог на Бриселскиот самит“ почнува годишниот собир на шефови на држави или влади на 29 земји членки на Алијансата. На овој самит, како што најави и генералниот секретар Столтенберг, сојузниците ќе ја повикаат Македонија да ги започне разговорите за пристап. „Откако ќе биде финализиран и имплементиран историскиот договор за прашањето за името, НАТО ќе може да ја покани поранешната југословенска Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО под новото име: Република Северна Македонија“, рече Столтенберг на вчерашната прес конференција во Брисел. Според новинските агенции, овој самит е неизвесен со оглед на се почестите предупредувања на американскиот претседател Доналд Трамп членките на НАТО да си ги исполнат финансиските обврски кон Алијансата.

slobodnaevropa.mk