ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧНУВА СО РАБОТА МЕЃУОПШТИНСКОТО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „ПЕЛАЛИНК“

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола советниците едногласно ја донесоа одлуката за ставање во функција на меѓуопштинското јавно претпријатие Пелалинк-Битола. За почеток се воведуваат само три возни линии наменети за превоз на ученици.

„После долго време оваа локална самоуправа конечно го става во функција со воведување на три возни линии со цел превоз на учениците до училиштата и навистина ова е за поздрав до цело раководство на „Пелалинк“. Ова е само почеток. Со доекипирање на јавното претпријатие ќе се воведат и други линии со кои исто така ќе се превезуваат дел од учениците“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски.

Со возниот ред се дефинира линијата број 1 Битола-Долна Чарлија преку Могила и Радобор, а цената на билетот во еден правец со вклучен ДДВ од Битола до Могила ќе биде 70 денари, до Радобор 90 денари и до Долна Чарлија 100 денари. Првиот автобус тргнува во 5 часот и 15 минути, а последниот во 20 часот и 20 минути.Линијата број 4 е Битола-Скочивир преку Гермија, Бач, Живојно, Брод и Добровени.Цената на Битилетот до Гермијан ќе биде 150 ден, до Бач 180 ден, до Живојно 230 ден, до Брод 300 ден, до Добровени 320 ден и до Скочивир 350 денари.

„Визијата која ја имавме за решавање на линискиот превоз на учениците пред извесен период кога ние го формиравме како тогашна власт ова јавно претпријатие. Полека но сигурно доаѓаме до самиот финиш каде што ќе го дочекаме светлото на денот да ова јавно претпријатие започнува со работа“, изјави советникот од СДСМ Методија Илиевски.

Другите две линии се Јавор-Поешево-Јавор и Шехерезада-Лавци-Шехерезада.До Лавци цената на билетот во еден правец ќе биде 50 денари, а од Битола до Поешево ќе биде 60 денари.

„Со оглед на тоа што пред неколку седници донесовме одлука за функционирање на јавното претпријатие „Пелалинк“, сега од општинската администрација се носи повторно образложение дека треба повторно да се гласа истата одлука“, рече советникот од Левица Горан Велевски.

Во врска со вредноста на бодот за пресметка на бруто плата во претпријатието се зголемува од 50,5 денари бруто на 55,55 денари во бруто износ.