По девет часа изгаснат пожарот во Нотр Дам

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пожарникарите успејаа да ја спасат главната камена структура на 850 години старата готска градба на едно од најзначајните париски обележја со светска вредност, катедралата Нотр Дам. Од пламените јазици кои вчера ја зафатија зградата се спасени и двете кули, но не и шилестата готска кула и покривот.

Пожарот беше ставен под контрола речиси девет часа откако започна, но за да биде целосно изгаснат, ќе бидат потребни неколку дена.

Причините за пожарот се уште не се целосно утрвдени, но официјалните лица велат дека тоа би можело да биде поврзано со процесот на реновирање.

Канцеларијата на парискиот обвинител на Париз соопшти дека во моментов случајот се води како несреќа. Еден пожарникар е полесно повреден во интервенцијата во која биле вклучени 500 пожарникари.

Share.