По кои цени ќе се лови риба на Стрежевското езеро!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ЈП Стрежево го објави ценовникот на дозволи за 2020 година за рекреативен риболов на една од како што велат поатрактивните рекреативни зони во нашата земја, по најповолни цени од сите рекреативни зони и риболовни ревири.

„Стрежево” планира од февруари да започне со издавање на дозволи за вршење на рекреативен риболов за рекреативната зона “Акумулација Стрежево”.

Висината за надоместокот за издадена дозвола за вршење на рекреативен риболов на рекреативната зона ‘Акумулација Стрежево’ е годишна дозвола 1.000,00 денари,
петнаесетдневна 500,00 денари, седумдневна 300,00 денари, еднодневна 150,00 денари.

Висината на надоместокот за издавање на годишна дозвола за вршење на рекреативен риболов се намалува на: 700,00 денари за пензионери; 600,00 денари за лица прогласени за технолошки вишок; 500,00 денари за инвалиди; 500,00 денари за студенти; 400,00 денари за ученици.

За нив пак важат услови кои треба да ги докажат за да го добијат попустот и тоа корисниците на пензија доставуваат на увид чек за пензија или решение издадено од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Невработените лица на кои работниот однос им престанал поради стечај или поради економски, технолошки, структурални или слични промени кај работодавачот (деловни причини – технолошки вишок) задолжително приложуваат оригинален документ од Агенцијата за вработување (потврда или решение не постаро од една година).

Учениците задолжително приложуваат потврда за редовен ученик (не важи за полнолетни ученици односно за лица кои не ги исполнуваат одредбите согласно член 55 од Законот за рибарство и аквакултура).

Лицата со посебни потреби (инвалидни лица) задолжително приложуваат соодветен документ (решение или наод) за видот и степенот на психофизичката попреченост издадено од надлежен орган или комисија.

Редовните студенти кои не се постари од 26 години треба да достават на увид потврда за редовен студент (потврда за тековната година) и важечка лична карта.

Share.