Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција и време на чекање околу еден час има на граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на граничниот премин Богородица за излез од државата.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.












