По осум години Битола доби главен судија на прволигашки натпревар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По осум години без битолски фудбалски судија на прволигашките терени низ државата, денес нашиот град ќе добие нов прволигашки судија. Благојче Ралевски ќе го суди прволигашкиот натпревар помеѓу екипите на Академија Пандев и Победа.

„Долго го очекување и постојано работите да стигнете до тоа, а во мојот случај, за прв пат да судам прволигашки фудбалски натревар, има некое посебно чуство. Не би рекол дека е трема, туку би рекол мала возбуденост, а се надевам дека кога ќе истрчам на теренот на Акаденими Пандев, тоа ќе помине и ќе бидам стопроценти внесен во натпреварот. Денес за мене почнува ново поглавје, а тоа е прволигашко судење, а секако дека денешниот ден ќе ми остане во сеќавање“, ни рече Ралевски.

Последен битолски судија кој судеше во елитата беше интернационалецот Љубомир Крстевски.

Share.