По половина година во бегство Нинџа и се предаде на полицијата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа и се предаде на полицијата и се наоѓа во притвор во затворот во Шутка. Василевски беше во бегство околу половина година, а притворот му беше определен лани во декември за учество во настаните во Собранието кои се случија на 27-ми април 2017.

За него минатата година во ноември беше отворена истрага за инцидентот.  На крајот на март годинава на полицијата и се предаде и Никола Митровски Кољо кој исто така е обвинет за настаните за 27 април.

И за двајцата МВР имаше распишано потерници бидејќи им беше определена мерка притвор, а беа недостапни на органите на прогонот.

Share.