По трагичниот настан, се огласи концесионерот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По вчерашниот трагичен настан во кој девојче се удави во базенот Довлеџик, концесионерот се огласи преку соопштение на фан страницата на Фејзбук-Спортско рекреативен центар-  Довлеџик. Во соопштението се вели:

„Најнапред, дозволете да изразиме сочувство до семејството на младото девојче кое го загуби животот во несреќниот настан кој се случи денес во базенот на ЈП Стрежево. Компанијата Мегагруп се оградува од одговорност бидејќи под концесија ги имаме објектите околу базенот каде се случи овој настан, а не и самиот базен, за што е склучен писмен договор. Со оглед на тоа дека ние како концесионери оваа година немаме никаква намера да организираме какви било активности поврзани со базенот не се наметнува обврската за обезбедување и спасувачка служба бидејќи не постои продажба на карти, ниту служба за обезбедување. Од наша страна, со месеци наназад беше означено дека базенот не е во функција.
Од наши сознанија, девојчето влегло неовластено без присуство на возрасно лице. Уште еднаш потенцираме дека жалиме за овој немил настан и апелираме до сите родители да го зголемат своето внимание кон децата и кон тоа каде се движат како во иднина не би се случувале вакви немили настани на кое било место“ се вели во соопштението.

Share.