По училиштата кампања за финансиска едукација

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Училиштата можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација за своите ученици во Министерството за финансии. Ова е во рамки на кампањата на Министерството за финансиска едукација.

За посета на Министерството за финансии или пак предавања од вработените на Министерството во училиштата, можат да се пријават основни, средни училишта, но и факултети.

Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека во наредниот период Министерството планира поинтензивна кампања за финансиска едукација.

-Финансиската писменост, познавањето на финансиските услуги  и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки – вели Тевдовски.

Во рамки на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии има организирано  повеќе посети и предавања на основни и средни училишта.

И министерот за финансии се приклучи кон акцијата. Тевдовски вчера одржа предавање во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, а следната недела ќе биде и на Универзитетот во Штип.

Share.