По 18-ти пат се одржаа Пелагониските културно-научни средби

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Традиционално по 18-ти пат општина Новаци беше домаќин на Пелагониските културно-научни средби кои се одржаа во просториите на ООУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци . Организатор на овие средби е Здружението „Пелагониски културно-научни средби“ при општина Новаци, а покровител е општината и градоначалникот Љубе Кузманоски .
Во 2001 година се формирани овие средби и по 18 години голем број на научни дејци земаат учество на средбите претставувајќи ги своите сознанија , истражувања и трудови за историјата и развојот на пелагонискиот регион вклучувајќи ја и Општина Новаци .
Градоначалникот Љубе Кузманоски ги отвори научните средби .

” Ми претставува особена чест што и оваа година општина Новаци е домаќин на Пелагониските културно-научни средби . Благодарност до претседателот на овие средби г-динот Ѓорѓи Лазаревски за организацијата и нивно одржување. Општината и советот и во иднина ќе продолжат финансиски да ги поддржуваат овие средби затоа што се од големо значење за општината поради големата афирмација , промоција и популаризација на сите вредности кои ги поседува општина Новаци, “истакна градоначалникот Кузманоски .

“Веќе 17 години непрекинато се одржува оваа манифестација  во Општина Новаци . На истата настапиле  голем број писатели и научни творци од многу области . Секој автор  оставил свој труд , свој дел од себе , свој придонес за науката . Овие средби со своите прилози  ја збогатуваат и осветлуваат содржината  на  Пелагонискиот крај  како културно-историска ризница, ” рече претседателот на научните средби Ѓорѓи Лазаревски.

На научната средба беа доделени признанија и благодарници како и признание Златен клас на македонски вознес . Беше доделена и Повелба за животно дело на писателот м-р Добре Тодорвски .

На градоначалникот Љубе Кузманоски од страна на претседателот на научните средби му беше врачено признание за учество и соработка .

Многумина научници сите овие 18 години со своите трудови ги презентираат културно историските и духовните вредности, историјата и развојот на општина Новаци и на други населени места од пелагонискиот регион .

Share.