По 8- ми пат Бон Вивант во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во организација на Лајон клубот Кабадаја од Битола во градската кафеана во хотел Епинал се оддржа традиционалтана вечер на виното Бон Вивант.
Од Лајонс клубот Кабадаја велат дека се посветени на мисијата да и служат на заедницата како амбасадори на добрата воља, и со помош на сите членови од Лајонс клубовите во Македонија.
Средствата од мени картите ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

–  Лајон Клуб Кабадаја од Битола веќе 8 ми пат организира ваква химанитарна забава, замислена ни е како вечер на виното и пријатлеството. Се дегустира вино и се дружиме а со тоа ја исполнуваме нашата главна цел, изјави Дарко Јанкуловски од Лајон Клуб Кабадаја Битола


На манифестацијата присутните уживаа во врвни гастрономски специјалитети, дегустираа од вината на винаријата ГД Тиквеш, уживаа во вкусот на разновидните сирења на Вемилк.

-Драго ми е што сум дел од оваа хуманитарна вечер, нашата компанија е скоро основана, започна со производство пред неколку месеци а ме радува што за кратко време успеавме да ги задоволиме купувачите со нашите вкусни производи, нашите производи се 100% млечни се произведени од еколошки чисто и здраво млеко, безбедни се и квалитетни, изјави Димитар Велковски ВЕМИЛК

Секоја активност на Лајонс Клубот Кабадаја дава пример, како да се создаде свест и да се научат младите генерации на основните принципи за добро живеење, а за возврат го имаат дружењето.

– Среќен сум што по трети пат сум на оваа забава што е во организација на Лајон клуб Кабадаја кој девет години постои во Македонија и догодина на јубилејот ќе бидеме уште побројни сигурно, изјави Михајло Ширгоски Гувернер на Дистрикт 132

За музичкиот дел се погрижија Боемите. Највредните лајонси и овојпат се закитија со награди и благодарници.

Share.