„Правата на студентите во 21 век“, натпревар во ораторство

0
766

15 студенти од повеќето високообразовни институции кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ денеска ги одмерија силите по ораторство на натпреварот „УКЛО ТРИВИУМ 2018“. Студентите дебатира на тема „Правата на студентите во 21 век“. Натпреварот се одржува по трет пат, а е во рамки на свеченоста по повод 25 април, Денот од основањето на Битолскиот Универзитет.

-Во рамките на денешниот настан учество ќе земат 15 оратори од повеќето единици кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет, настан преку кој студентите ќе имаат можност да ги искажат своите мислења, ставови, видувања, желби, потреби, се она што се случува во нашето опкружување.„УКЛО ТРИВИУМ 2018“ како што самиот назив кажува, претставува една компилација од трите основни компоненти: реторика, граматика и логика, можност преку која студентите ќе воспостават една комуникација со се она што значи нивно опкружување за понатамошното живеење, рече проф.д-р Виолета Маневска, проректор на универзитетот „Св.Климент Охридски“.

Натпреварувачите пред присутните гости ги покажаа своите ораторски вештини.Преку силата на знаењето, аргументите, фактите и логичкото размислување студентите се обидоа да ги одбранат сопствените студенски права.

Тричлена комисија составена од двајца професори од битолскиот  универзитет и еден член актер од Битолскиот Народен театар беше задолжена за отценување на ораторските способности на студентите.

-Комисијата ќе ги отценува ораторите по неколку критериуми, од една страна е содржината на говорот како структурата и оргиналноста на текстот и временската рамка, а од друга страна отценувањето ќе оди на карактеристиките:нивниот јавен настап, отсуството на трема, моќта на убедувањето, интонација, говорот на телото, задржувањето на вниманието на публиката и сл. Јас како член на комисијата веќе втора година по ред, моето искуство покажува дека денес комисијата за отценување на оратосрките способности ќе има доста тешка задача, од најдобрите ќе треба да избереме најдобри, претпоставувам дека повторно нијанси ќе бидат во прашање, рече доц.д-р.Моника Ангеловска Дичоска, член на комисија за отценување на натпреварувачите во ораторство.

Најдобрите тројца оратори ќе го претставуваат битолскиот универзитет на традиционалниот натпревар по ораторстѕво кој што годинава ќе се одржи на Американ колеџ Универзитетот. Организатор на овај натпревар е Европското движење во Македонија по повод Денот на Европа 9 ти мај.