Визиите на централната власт за Праведна транзиција и процесот на транзиција на РЕК Битола, е насловот на втората од циклусот емисии посветен на праведната енергетска транзиција.
Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија до 2040 година е изготвена според барањата на новиот Закон за енергетика, кој беше донесен на крајот на мај 2018 година. Сеопфатната цел на Стратегијата е да обезбеди носење на политики во енергетскиот сектор врз база на докази преку робустна аналитичка работа и консултација со широко учество, која го поддржува одржливиот развој и која ја разбираат сите чинители, а ја спроведува Владата на Република Северна Македонија.
Проектот „Подобрување на енергетска безбедност на Пелагонискиот регион преку процесот на Праведна транзиција – состојба на ресурси, искуства со Република Грција и споредба на националните стратегии“ е развиен со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.












