ТЕРА

REKLAMA???

ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА-ПРОЦЕС НА ИДНИНАТА ( ПРВА ЕМИСИЈА )

На 15 февруари на програмата на Тера телевизија започнa да се емитува циклус информативни емисии посветени на подобрување на енергетската безбедност на пелагонискиот регион преку процесот на праведна транзиција-состојба на ресурси, искуства со Република Грција и споредба на националните стратегии.

Проектот „Подобрување на енергетска безбедност на Пелагонискиот регион преку процесот на Праведна транзиција – состојба на ресурси, искуства со Република Грција и споредба на националните стратегии“ е развиен со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.