Праговите на загадување надминати-општината со препораки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Многу високо загадување синоќа во Битола измерија мерните станици на Министерството за животна средина.

И во центарот на градот многу високо загадување и со ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките, исто како и во индустрискиот дел на Битола, каде во 22 часот беше регистрирано многу високо загадување со ПМ 10 честичките.

Освен со ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките, во центарот на Битола синоќа имавме високо загадување со јаглерод моноксид и средно загадување со азотен диоксид.

На 16 и 17 јануари има надминување на граничните вредности. Во Битола 1 107 од дозволените 100 микрограми на метар кубен, едниот ден, а другиот дури 157. Во Битола 2, 175 едниот ден, а 266 микрограми на метар кубан другиот ден.

Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, надлежните со препораки до населението.

–    да се користи јавниот превоз
–    возилата да не се користат без поголема потреба
–    повеќе лица да се возат во едно возило во исто време
–    да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал
–    правилно да се користат печките на дрва
Министерството за здравство и  Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки :
–    да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација,  се препорачува земање на витамини, –    хронично болните лица редовно да  ја земаат препишаната терапија од матичните лекари.

Денес, 18.01.2019 година, Прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10) е надминат на две мерни места во Скопје (Бутел и Ректорат), на двете мерни места во Битола (Битола 1 и Битола 2), како и на мерните места во Кичево, Струмица, Тетово и Кавадарци.

И денеска на пладне исто високо загадување со ПМ10 и ПМ 2,5 честичките. Во центарот на Битола денеска средно загадување со азотен диоксид.

Азот диоксид е хемиско соединение со формула NO2. Тој е еден од неколкуте азотни оксиди. Се користи во индустриската синтеза на азотна киселина. Милиони тони од овие киселини се произведуваат секоја годинаво светот. Исто така на интернет може да се прочита дека го има кај дизел моторите. Овај црвено сино токсичен гас има карактеристичен остар мирис. Тој е загадувач на воздухот. Од неговите карактеристики и тоа дека тој е потежок од воздухот.

Share.