По повод 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, во градот веќе неколку дена се организираат настани и манифестации со кои традиционално се прославува роденденот на Битола.
Програма со различни настани низ кои се презентираат значајните и традиционалните вредности на градот, низ културно – забавни, спортски, литературни, филмски и театарски содржини. Со цел, поттикнување на детската креативност и ентузијазам, како и вклучување на најмладите во празничните активности, четвртоноемвриската програма, содржи програмски содржини и за најмладите.
Во денешното празнично интервју со градоначалникот Тони Коњановски зборуваме и за работата на локалната самоуправа во изминатата година, за проектите кои се реализираат, динамиката и што е она што е планирано за следниот период.












