Пратеник извадил штикли и танга на говорница

0
200

Собранискиот пратеник Жељко Гласновиќ од партијата „Независни за Хрватска“, на говорница ги изнел случувањата на Блискиот исток, но набрзо потоа преминал на Истанбулската конвенција и употребувајќи одредени реквизити ги изненадил присутните.

„Бидејќи главна тема денеска е Истанбулската конвенција, имам некои подароци за нашата коалиција овде“, рекол Гласновиќ, па од црна ќеса извадил балетанки. Нив ги наменил за пратеникот Бојан Главишевиќ „доколку не е сигурен во својот пол“.

„Имам подароци, за Главашевиќ имам балетанки, за коалицијата ХДЗ/ХНС секси штикли, имам секси тагна за жени заробени во машки тела“, рекол Гласновиќ држејќи во раце женска долна облека, пренесува Јутарњи лист.