Пратеничка на „Српска листа“ пријавила 56 милиони евра заштеда

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Јелена Бонтиќ, пратеничка на Српската листа во Собранието на Косово, е на чело на листата на најбогатите личности во косовските институции, со пријавени 56 милиони евра заштеда, јави МИА од Приштина.

Покрај милионите на сметката во Српска комерцијална банка во Лепосавиќ, Бонтиќ пријавила уште 22 илјади евра депонирани во Нова љубљанска банка (НЛБ).

Таа исто така пријавила и дека поседува стан во вредност од 20 илјади евра, пишува „Зери.инфо“.

slobodnaevropa.mk

Share.