Прашањето за името може да биде решено следната година

0
343

Медијаторот во спорот со името, Метју Нимиц, по денешната средба со преговарачите во Брисел изјави дека можно е прашањето да биде решено следната година. Според него во Грција и Македонија има подобра клима за решавање на спорот.

-По толку многу години, нема да се појави магично ново име. Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија. Се разбира дека дека има тешки прашања за двете страни, но ќе се обидеме да ги решиме во следните месеци – рече Нимиц, откако грчките медиуми излегоа со шпекулација дека ќе се разгледува предлогот „Нова Македонија.

Средбата, која треше два часа, според Нимиц, поминала во конструктивна атмосфера. На средбата било договорено разговорите да се интензивираат. Нимиц денеска не дал нов предлог, но навести дека предмет на разговорот ќе бидат досегашните предлози.