Првата количина од „Синофарм“ пристигна во Битола

Попладнево во вакциналниот пункт во спортската сала на медицинските училиште во Битола пристига првата колична од планираните вакцини за овој регион.

Во среда ќе има нова пратка, а ќе се доставуваат согласно капацитетот на фрижидерите во кои се сместуваат и каде што се чуваат вакцините.

За утре пријавени се 910 граѓани да се вакцинираат, а досега на ситемот за вакцинација за овој пункт пријавени се околу 18.000 граѓани.

Во овој пункт во Битола како регионален ќе  се вакцинираат граѓани од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

Сподели