Прва историска победа за македонските одбојкари на ЕП

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската одбојкарска репрезентација на крилјата на капитенот Никола Ѓорѓиев ја оствари првата победа на Европските првенства откако со 3-1 (23:25, 25:19, 29:27, 25:20) во сетови ја совлада Белорусија.

Македонија се радува на историска победа на македонските одбојкари, совладана е Белорусија, посебно блескаше капитенот Никола Ѓорѓиев кој мечот го заврши со фантастични 37 поени.

Првиот сет беше изедначен, репрезентациите се менуваа во водство на крајот Белорусија го доби со 25:23. Но, Спартанците не се предадоа, ја кренаа играта во вториот сет кој го добија убедливо со 25:19 и изедначија на 1-1.

Неизвесно беше во третиот сет кој се играше на два разлика, Македонија го доби со 29:27, за водство од 2-1. Предноста како да им даде крилја на македонските одбојкари кои одиграа фантастично во четвртиот сет, го добија со 25:20 и радоста за историската победа можеше да почне.

Ова е победа со посебна вредност која засекогаш ќе се памети како прва на Европските првенства.

Share.