Првиот Џез фактори фестивал наиде на одличен прием кај публиката

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 18 ти до 20 ти мај,  во нашиот град се оддржа меѓународниот џез фестивал “Jazz Factory Fest- Bitola 2018“. Ова е остварување на долгогодишниот сон и желба на многумина битолчани, а особено на џез музичарот и професор на Џез академијата во Штип, проф. м-р Сашо Поповски.
После отворањето на фестивалот со Душан Јевтовиќ трио во кое е и реномираниот Васил Хаџиманов,  останатите денови настапија Сашо Поповски трио и Тони Китановски.

Идејата за фестивалот потекнува од 2011 година кога Поповски, ги започна џез-работилниците „Џез-фактори“, проект кој заврши во 2012 со џез-концерт, а кој минатата година во соработка со МКЦ се одвиваше во општина Могила со 4 работилници.

Со текот на времето оваа идеја се развива и тој едукативен центар прераснува во џез-фестивал кој оваа година го има првото издание. Фестивалот беше во заедничка соработка со центарот за културна деконтаминација од Битола.
Современиот џез со елементи на традиционална македонска музика ја прави музиката на Поповски уникатен и добро познат учесник на музички сцени во Европа. Повеќе од 20 години на сцената преку различни проекти соработуваше со многу уметници и издаде 3 џез албуми и неколку соло композиции, а периодот работи на 4-от албум.
Покрај овие изведувачи на првото издание на џез фестивалот настапија и Фирс, Шикачи оркестар, In between.
Првично со замисла, главната програма да се реализира на платото пред Офицерски Дом , како дел од кампањата на фестивалот “Џез(о)т, во поддршка на културното наследство“, приклучувајќи се на тој чин кон “Европската година на културното наследство“, поради временските неприлики, комплетната програма беше реализирана во партнерските клубови : Јагода, Камарите, Порта џез, Винарија Чифлик.
Сепак кампањата беше реализирана преку фото сесија на гостувачките џез музичари пред Офицерски Дом, доловена преку објективот на Даниел Ѓурчиновски. Фотографиите ќе бидат употребени како промо материјали во кампањата за поддршка на активностите за обнова на Офицерски Дом и негово ставање во функција на културата.
Фестивалот го затвори Тони Китановски квинтет, кој воедно во Порта џез , одржа и мастер  час.
На фестивалот го промовираше  неговиот нов студиски материјал, настапувајќи со џез квинтетот “Тони Китановски и Панда 5“.

Во рамките на фестивалот беше оддржана и работилница за вмрежување и размена на џез артисти со директорите на реномираните џез фестивали “Петровац џез фест“- Винко Михајловиќ и “Кикинда џез фестивал“ –Драган Влајниќ, кои беа гости на фестивалот.
Поповски во улога на директор на фестивалот понуди автентична и динамична програма која одлично помина кај битолчани.

Share.